Околу 90 терористи на Хамас убиени во напад на болницата „Ал Шифа“ во Газа, вели израелската армија

Израелските одбранбени сили соопштиле и дека нивни разузнавачки агенти испрашале повеќе од 300 осомничени терористи во болничкиот комплекс, како и дека повеќе од 160 од нив биле однесени во Израел за дополнително сослушување

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека досега убиле околу 90 терористи на Хамас во воена операција на болницата „Ал Шифа“ во градот Газа, која трае веќе неколку дена, пренесуваат странските медиуми.

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Израелските сили елиминирале терористи и лоцирале оружје во областа на болницата, со што спречиле да бидат повредени цивили, пациенти и медицински тимови.

Израелските одбранбени сили соопштиле и дека нивни разузнавачки агенти испрашале повеќе од 300 осомничени терористи во болничкиот комплекс, како и дека повеќе од 160 од нив биле однесени во Израел за дополнително сослушување.

„Израелската војска изврши рација во болницата откако разузнавачките служби покажаа дека оперативците на Хамас, вклучително и команданти, се вратиле во комплексот за да го користат како команден центар за планирање напади врз Израел и израелските трупи во Газа“,

се вели во соопштението од ИДФ.

Израелските сили соопштиле и дека го нападнале влезот во подземниот тунел на Хамас во северниот дел на Газа, кој беше идентификуван откако во вторникот беше истрелана ракета врз Сдерот во Израел, која падна во Газа.

Израелската армија, исто така, објави дека нападнала шестчлена ќелија на Хамас во областа Џабалија во северна Газа.

Операциите се прошириле и надвор од областа на болницата „Ал Шифа“. Дополнително, снајперисти од бригадата „Нахал“ открија терористичка закана во центарот на Газа и ја елиминираа.

Војниците на ИД продолжиле да дејствуваат и во Кан Јунис. Елиминирале двајца терористи и нападнале воени локации во Ал Карара во Кан Јунис.

Дополнително, авион погодил терорист кој бил идентификуван како товари оружје во областа.

Пред два дена израелската армија соопшти дека повторно распоредува војници во областа на болницата „Ал Шифа“ во градот Газа.

Оттаму посочија дека во тек е прецизна операција во областа на болницата „Ал Шифа“, а разузнавачките служби укажале дека високи членови на палестинската група Хамас ја користат тешко оштетената болница за спроведување и промовирање терористички активности.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави дека израелските сили го убиле заменик-командантот на Хамас во Газа и еден од главните организатори на нападот на Израел од 7 октомври лани, Марван Иса, пренесува „Гардијан“.

Според Саливан, високиот функционер на милитантното крило на Хамас бил убиен во операција на израелските сили во Газа минатата недела.

Пронајдете не на следниве мрежи: