КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ЈА ШОКИРА ФУДБАЛСКАТА ЈАВНОСТ: Стапалата и прстите му се отечени и зголемени! Дали е ова крај на кариерата?!

Кристијано Роналдо ги загрижи своите фанови ширум светот објавувајќи фотографија по натпреварот и напорниот тренинг.
Кристијано Роналдо ги шокираше љубителите на фудбалот кога по победата на неговиот Ал Наср над Ал Ахли (1:0) во дербито на Саудиска Арабија, покажа какви му се нозете и како ги опоравува.39-годишниот Португалец ја напишал фотографијата со зборот „ПОЛНЕЊЕ“, а истовремено го означил и неговиот велнес бренд „Еракулис“.
22 years of pro footy man look at his feet.. he wakes up with crazy pain everyday for sure pic.twitter.com/UmNXAISTKp— . (@Alpriv1998) March 17, 2024
На фотографијата Кристијано Роналдо седи на лежалка покрај базен со морето во позадина. Сепак, многу фанови избраа да се фокусираат на стапалата на Роналдо, особено на неговите прсти кои биле отечени. Дури и еден нокт на палецот на левата нога е црн.Еден обожавател ја сподели фотографијата на мрежата Х и напиша:„22 години професионален фудбал и неговите прсти… Сигурно секој ден се буди во неподнослива болка“.Со оглед на сите работи, не е изненадување што селекторот на Португалија, Роберто Мартинез одлучи да го поштеди Кристијано Роналдо и тој нема да игра на пријателскиот натпревар со Шведска на 21 март.Кристијано Роналдо, кој во моментов е на одмор со семејството во Саудиска Арабија, се очекува да и се приклучи на репрезентацијата на Португалија и да биде во составот за гостувањето кај Словенија на 26 март.
Close to heaven 💙 pic.twitter.com/sWl2FLV61Y— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) March 17, 2024
Кристијано Роналдо го држи светскиот рекорд по бројот на голови за националниот тим. Тој има постигнато 128 гола на 205 натпревари за Португалија од неговото деби во 2003 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: