Мелина Џиновиќ година и пол ужива со познат српски заводник?

Харис Џиновиќ потврди дека неговото „се распаднало“ пред година и пол, а се шпекулира дека неговата поранешна Мелина исто толку време ужива во друга емотивна врска.Според приказната, станува збор за две години постар маж кој и’ е познат на јавноста и отсекогаш важел за истакнат заводник и еден од најпосакуваните луѓе од јавниот свет на Балканот.– Со оглед на тоа дека неговата работа е примарна и сака сликата што постои за него да биде неизвалкана, се договорија да го кријат фактот дека се заедно додека можат. Нивните блиски пријатели се воодушевени од врската и често се шегуваат дека конечно има партнер кој му прилега  – изјавил извор за Ало.Како што претходно напиша Телеграф, Мелина изнајмила скап стан во луксузна белградска населба во Нов Белград, каде што и сега живее.Така е откако Харис потврди дека не се заедно и откако јавно изјави дека е „изневерен маж“.Мелина пред неколку вечери за првпат се појави во јавноста по овие стории , но и тогаш одби да комуницира со медиумите.Инаку, Харис неодамна за првпат проговори за распадот на својот брак и откри дека Мелина доброволно го напуштила семејниот дом и дека нема простор за „помирување“.– Таа ме остави мене, не јас неа. Таа ги знае причините. Можеби ми беше тешко пред година, година и пол, бидејќи семејството ми се распаѓа – изјавил тој.На прашањето дали има можност за помирување, тој беше краток и конкретен:-Сите живееме таму, сама госпоѓата се иселила по своја волја, па помирување – не, мислам, што знам, вака да го преполовиме лебот, па пак да го склопиме, како ќе биде? – изјави Харис за „Уна“.

Пронајдете не на следниве мрежи: