На изборите ќе има два блока – за интеграција во ЕУ до 2030 година и за алтернативно сценарио за кое не постои план

Доколку погледнете, најголемите одлуки кои се однесуваат на евроинтеграциите, на интеграцијата во НАТО, на почнување и завршување на процесот на скрининг, беа направени токму во време на мандатот на владата предводена од СДСМ. Зошто потенцирам СДСМ? Бидејќи без СДСМ не постои процес за европска интеграција во нашата држава, рече Ковачевски во интервју за телевизија Алсат М

Без СДСМ не постои процес на европска интеграција на државата. Во нашата држава има два политички блока, едниот, кој се залага за интеграција во ЕУ до 2030 година – предводен од СДСМ, и вториот предводен од ДПМНЕ, кој се залага за некакво алтернативно решение за кое не постои ниту план ниту објаснување, изјави вечерва лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју во вестите на Алсат М телевизија.

„Oна што овие политички партии, но и другите политички партии кои се дел од владата која јас ја предводев ги обедини е идејата за европска Македонија. Доколку погледнете, најголемите одлуки кои се однесуваат на евроинтеграциите, на интеграцијата во НАТО, на почнување и завршување на процесот на скрининг, беа направени токму во време на мандатот на владата предводена од СДСМ. Зошто потенцирам СДСМ? Бидејќи без СДСМ не постои процес за европска интеграција во нашата држава“,

рече Ковачевски.

Тој изрази уверувње дека кога ќе излезат политичките програми, ќе има два блока – едниот, кој ќе се залага за интеграција во ЕУ до 2030 година и вториот блок политички партии, предводен од ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се залага за некакво алтернативно сценарио, „за кое не постои ниту план, ниту објаснување и тоа на сите веќе ни е јасно, и на нашите граѓани“.

„Граѓаните можат да ја видат точно разликата како изгледа да седите во Влада и да гласате за инвестициски планови во кои има купишта споменици на плоштадот во Скопје, жални врби во Вардар, лажен барок итн. Кавги со соседите, меѓуетнички тензии во општеството. И да видат разлика со тоа како изгледа една влада во која се гласа за членство во НАТО, во која се гласа за отпочнување на преговори со ЕУ, во којашто се склучуваат договори со соседите и впрочем да бидат во влада која во последните седум години, ќе признаете и вие и многу други, нема никакви меѓуетнички тензии во општеството“,

рече лидерот на СДСМ.

Осврнувајќи се на економската состојба, Ковачевски нагласи дека владата која ја предводел обезбедила 2,6 милијарди евра антикризни мерки за граѓаните.

„За повеќе од две години мандат како претседател на партија и како претседател на владата докажав дека се грижам за граѓаните, ние работевме како влада во едни тешки услови, услови на криза и успеавме да се справиме со сите предизвици. Направивме многу, знам дека е тешко, ги разбирам граѓаните, и јас живеам овде, може да се направи повеќе и ќе направиме повеќе. Секогаш може да се направи повеќе, сѐ уште ние имаме пензионери кои кубурат да сврзат крај со крај, има родители кои ќе легнат гладни за да можат да имаат повеќе средства за своите деца утредента. Меѓутоа, факт е дека досега ги зголемивме пензиите за 50 отсто, ја зголемивме минималната плата, просечната плата и ќе продолжиме со такви мерки и во новата програма“,

рече Ковачевски во интервју за Алсат М телевизија.

Пронајдете не на следниве мрежи: