Чави суспендиран до Ел Класико



Шпанската фудбалска федерација го суспендираше тренерот на Барселона, Чави Ернандез на два натпревара поради црвениот картон што го доби во текот на мадридското дерби против мадридски Атлетико.

Барселона го доби тој натпревар од 29-то коло на шпанската Ла Лига со 3:0, а Чави мораше да ја напушти тренерската позиција кон крајот од првото полувреме. Причина за црвениот картон е искажувањето на неговиот гнев кон судењето и неговите чести приговори кон судиите.

Покрај финансиската казна, Чави нема да може да ја извршува својата работа на следните два првенствени натпревара, а тоа се дуелите со Лас Палмас на 30-ти март дома и гостувањето во Кадиз на 13-ти април. Доколку во тој период не направи нови грешки, односно ако не ги коментира и навредува судиите, Чави ќе се врати на тренерската позиција непосредно пред Ел Класико против Реал во Мадрид на 21-ви април.

Пред големиот дуел против Реал, фудбалерите на Барселона ќе одиграат два четвртфинални натпревара од Лигата на шампионите против ПСЖ, но Чави нормално ќе си ја заврши работата.

Барселона во моментов е втора во Ла Лига со 64 бодови. Прво Реал има 72 бода.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: