Никол Кидман, познатата актерка, која јавноста често ја нарекува „Кралица на ботоксот“, позираше за насловната страница на американското издание на магазинот „Elle“.Актерката позираше во долна облека и ги воодушеви фановите со младешкиот изглед во шестата деценија.Нејзините обожаватели со ентузијазам ја коментираа насловната страница на магазинот „Elle“ и ѝ упатија низа комплименти. View this post on Instagram A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)Ти си дефиницијата за убавина“, „Изгледаш толку елегантно“, „Навистина неверојатно“, „Убава како и секогаш“, „Дали старееш?“, „Ти си најубавата жена на светот“, се дел од коментарите на нејзините фанови.Потсетуваме дека Кидман неодамна ја репризираше улогата на мајката на Аквамен, кралицата Атлана во продолжението „Аквамен и изгубеното кралство“. А наскоро ќе се појави и во серијата „Expats“, која таа ја продуцираше.
Пронајдете не на следниве мрежи:



