На Јутјуб се појави бизарно видео во кое се тврди дека видеото на кое Кејт Мидлтон зборува за своето здравје „има многу сомнителни работи“ кои наведоа некои да заклучат дека видеото е потенцијално лажно.Имено, во видеото ги анализирале сите детали, од растојанието помеѓу штиците на клупата, до заглавувањето на Кејт и одразот што го остава на лакираниот потпирач за грб.Принцезата од Велс во петокот излезе во јавност и проговори за своето здравје за да ја смири „бурата“ што се подготвува. За нејзината здравствена состојба имаше различни шпекулации, а веста дека има рак го шокираше целиот свет.
„Најбизарниот детал“ што е забележан е прстенот на нејзината рака кој наводно „исчезнува“, а потоа „повторно се појавува“ на видеото.Друга наводна „нелогичност“ е сенката што наводно ја фрлале на клупата црните пруги на нејзиниот џемпер.Иако побарала разбирање и се трудела да ги спречи разните приказни и шпекулации, се чини дека не успеала, бидејќи на интернет почнале да кружат уште побизарни работи.На крајот од видеото дури ја споредуваат со покојната принцеза Дијана…Членот на Би-Би-Си, кој ја сними видео пораката на Кејт Мидлтон во која ја објавува нејзината дијагноза за рак, се отвори за деталите околу најавите и шпекулациите дека снимката е лажна.Потсетете се дека пораката на принцезата од Велс беше емитувана во петокот пред вестите во шест часот, во која таа откри дека и’ е дијагностициран рак и дека е подложена на хемотерапија по голема операција на абдоменот – иако се воздржуваше да каже за каков вид на рак станува збор.
Пронајдете не на следниве мрежи:



