Коке го продолжи договорот со Атлетико до 2025-та



Капитенот на Атлетико Мадрид, 32-годишниот Коке, кој пристигна во редовите на  „Колчонеросите“ уште на шестгодишна возраст, го продолжи договорот до јуни 2025 година, со можност за продолжување и потоа, соопштија од клубот во понеделникот.

„Нашиот капитен, чиј договор истекува на 30-ти јуни, постигна договор со клубот што му овозможува продолжување на една година, на крајот од секоја сезона“, додаваат од мадридскиот клуб.

Коке, дефанзивниот играч за врска, го држи рекордот по настапите во црвено-белиот дрес со 626 одиграни натпревари во 15 професионални сезони.

Првак на Шпанија во 2014 и 2021 година, освојувач на Лига Европа во 2010, 2012 и 2018 година, Коке ја отелотворува златната генерација на Атлетико, која ја востоличи аргентинскиот тренер Диего Симеоне.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: