Предложен е притвор за четириесет и девет годишен маж од Конче за обљуба на малолетничка


Од Јавното обвинителство велат дека осомничениот жител на село во општина Конче во повеќе наврати ја допирал малолетничката сторувајќи продолжено кривично дело согласно член 188 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик

Јавен обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за четириесет и девет годишниот маж од општина Кочне кој се сомничи дека извршил полови дејствија врз малолетно девојче кое не наполнило петнаесет години.

„Осомничениот жител на село во општина Конче во повеќе наврати ја допирал малолетничката, сторувајќи продолжено кривично дело согласно член 188 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик“,

велат од обвинителството.

Претходно денеска, од Министерството за внатрешни работи соопштија дека 49-годишниот Ј. К. се сомничи дека вршел обљуба врз малолетничката од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година. 

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: