Претседателските кандидати потпишуваат Кодексот за фер и демократски избори

  Кандидатите за претседател на државата денеска во Државната изборна комисија ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори.
Пред потпишувањето воведно обраќање ќе има претседателот на ДИК, Александар Даштевски, а ќе биде прочитана и содржината на Кодексот.
Откако кандидатите за претседател на државата ќе го потпишат Кодексот, предвидено е да имаат поздравни говори.
Настанот ќе заврши со две групни фотографирања, едното на сите кандидати и другото, на сите кандидати со членовите на Државната изборна комисија.

Пронајдете не на следниве мрежи: