На мажите ќе им укажам дека се откажуваат од многу ум, кога велат дека во политика не се влегува со квоти

„Кој е изолиран. Дали оној што не може ни на забава да влезе онаму каде неговите партии слават или оној кој рамноправно на бината зборува за европската иднина и за европската демократија на Македонија“, вели кандидатката за претседателка

Ќе сторам се, бидејќи претседателите имаат таква функција, беа оглед на етничка, расна верска или било каква припадност да работам на единството на нацијата и на државата. Инаку, сум непотребна. Ова денеска од Битола го рече претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.

„Јас ќе ја вратам канцеларијата на претседателот во Битола. И нема да ја оставам празна, туку ќе доаѓам тука. Ќе отвоорам и други канцеларии низ Македонија. Нема да се одметнам во планината, туку ќе слезам во долината“,

рече таа.

Силјановска-Давкова рече дека ќе направи се за да го спречи егзодусот на младите стручни кадри, по можност, според неа, истите да се вратат во Македонија.

Тие што тврдат дека ние сме изолирани, а тие се внатре во Европската Унија, како што рече таа, нека покажат кој ги поддржува на овие избори.

„Кој е изолиран. Дали оној што не може ни на забава да влезе онаму каде неговите партии слават или оној кој рамноправно на бината зборува за европската иднина и за европската демократија на Македонија“,

рече таа.

Не се чувствува пријатно која треба за себе да зборува.

„Женските права се човечки права. Демократија се мери по улогата на жените и на највисоките политички функции. Признавам ќе се опкружам со жени, не за да покажам дека сум радикална феминистка, туку за да им укажам на мажите дека се откажуваат од многу ум, знаење, креација и посветеност, кога велат дека не се влегува во политика со квоти. Значи, ако има жена претседателка ќе се идентификуваат со неа и ќе бидат не само успешни на работа, дома, туку и во политиката, оти политиката е од женски род“,

вели кандидатката за претседателка.

Силјановска-Давкова ги критикуваше состојбите во правосудството и рече дека како претседател ќе ги предлага најдобрите експерти во македонското судство.

„За да не направат судиите горди треба да бидат поинакви. Претседателката мора во Судскиот совет и во Уставниот суд да ги предлага најврвните правници. Тогаш некој ќе рече дека се грижи за националните и државните принци и за владеење на правото“,

рече таа.

Според неа, должност е кога зборуваме за уставни измени и со претставниците на ЕУ дека ги знаеме принципите на ЕУ.

„Отсекогаш сме биле дел од ЕУ. Заслужуваме да бидеме дел од ЕУ, Ве молиме третирајте не како партнери, не како судија во однос на обвинет. ЕУ ќе има корист од нас, не само во работната сила, туку и во поглед на соживотот. Ние надвор не смееме да ги забораваме националните интереси. Не оди надвор, ако немаш решение дома. Ќе се обратам пред Парламентот повеќе пати во годината, не само за Нова година. И ќе ги прашам и од опозицијата пто треба да направиме да измеземе надвор со меѓусебни предлози. Претседателот мора да докажува дека секогаш ќе се бори за добри закони. Добри закони се уставни закони.

вели Силјановска-Давкова.

Според неа, нема да дозволи надвор да не претставуваат оние кои немаат дипломатска кариера, ниту оние кои не се горди на својата држава.

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека сака да ги предупреди граѓаните да не потклекнуваат на црните кампањи на власта, кои како што вели ги надминуваат и најмрачните помисли за лудилото кое, според него, може да го достигнат.

„Јас таквата игра на нивната црна кампања на сценарија креирани од СДСМ и ДУИ ги викам на натпревар за орви место на дното. Луѓето не им е тешко да оправдуваат напад на полицаев, а замислете тоа да беше нивнит син, брат или дете како ќе реагираа. Не им тешко дури и да фалсификуваат документи. Сакам да им порачам бевте, сте и ќе останете аматери“, рече тој.

Според него, Пендаровски се плаши од дуел сам со себе, а камоли од дуел со Силјановска-Давкова.

„Она што важи како легенда е дека Пендаровски најмногу се плашел од Артан Груби. Кога ќе го видел, мирно стоел со часови, не се поместувал“,

рече Мицкоски од Битола.

Пронајдете не на следниве мрежи: