Стево не е кандидат за претседател под контрола на партија, не е ничија продолжена рака, вели Ковачевски

Лидерот на СДСМ вечерва од скопски Аеродром рече дека изминатите пет години сме имале претседател кој е исклучително вреден, интегритетен, чесен без ниту една дамка

Во време на СДСМ никогаш се нема случено да биде уапсен новинар. Напротив ја вративме слободата и демократијата и постојано ги унапредуваме. Затоа 2023 година нашата држава се искачи на 38. место по слобода на медиумите. А 2016 година бевме на 138. место. Ова вечерва на минингот во Аеродром го рече лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ докажале дека ако се вратат, пак ќе го пробијат дното на 138. место и тоа само за една недела.

Фото: Принтскрин

„Со ВМРО-ДПМНЕ е можно само враќање на изолација и во темно минато многу далеку од Европа. Тоа може да го спречиме ние заедно со глас за членство во Европска Унија, со глас за слобода, со глас за демократија, со глас за коалицијата „За европска иднина“, со глас за нашиот претседател Стево Пендаровски“,

рече Ковачевски.

Според него, изборот на овие избори е надеж за подобра Европска иднина, надеж со Стево Пендаровски или безнадежност со ВМРО-ДПМНЕ и со Гордана Силјановска Давкова.

„Ги слушам мегафоните на ВМРО-ДПМНЕ прашуваат зошто ме немало на митинзите на Стево. Не можеле да разберат дека Стево е граѓански кандидат. Не можеле да разберат дека е поддржан од граѓаните, а зад него стојат партии, здруженија, стојат врвни професионалци и поединци“,

вели тој.

Ние имавме исклучително вреден, интегритетен, чесен без ниту една дамка, како што вели лидерот на СДСМ, претседател во последните пет години.

„Не му треба никој на Пендаровски да го фати за рака и да го носи во Кавадарци за да му каже дека не е во Неготино и за да му каже дека во Кавадарци не живеат Неготинчани. Добро знае Стево да одржи и говор, да објасни и визија за државата. Онаму каде сум јас носител, таму сум со Стево. Онаму каде што други се носители, тие се таму со Стево. Јас и Стево покажавме и докажавме дека местото каде ние двајцата заедно со сите вас, граѓаните, ќе ја оснесеме целата држава во Брисел и во Европската Унија. Ако сакаат овие што ќе изгубат на 8 мај да ни се приклучат, вратат е ширум отворена за сите. Стево не е кандидат за претседател под контрола на партија, тој не е ничија продолжена рака. Стево е кандидат на граѓаните. Тоа што ВМРО не може да го разбере и нивни проблем. Ние не се откажуваме од европската иднина“,

вели претседателот на СДСМ.

Според него, победата ќе почне на 24 апри, зашто како што рече, Стево е политичар со прогресивни идеи, човек што знаел да носи тешки одлуки кога било потребно.

„На 8 мај ќе прогласиме нова голема победа на СДСМ и на коалицијата „За европска иднина“. Ќе формираме нова проевропска влада со која државата ќе стане земја членка на Европската Унија“,

рече Ковачевски.

Пронајдете не на следниве мрежи: