Признавањето на палестинската држава е геополитички интерес на Европа






Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека признавањето на палестинската држава „е во геополитички интерес на Европа“.

-Меѓународната заедница нема да може да и помогне на палестинската држава доколку таа не го признае нејзиното постоење, изјави Санчез пред шпанските пратеници.

Тој додаде дека „Шпанија е подготвена да ја признае палестинската држава“, без да прецизира датум.

Шпанскиот премиер повторно го осуди, како што рече, „апсолутно непропорционалниот одговор“ на владата на Бенјамин Нетанјаху на „терористичкиот напад од Хамас“ на 7 октомври минатата година.

Тој предупреди дека таквиот одговор се заканува да го „дестабилизира Блискиот Исток, а со тоа и целиот свет“.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: