Во Италија уапсено е лице осомничено за местење фудбалски натпревари на меѓународно ниво.Тој е уапсен веднаш откако се симнал од авионот од Сингапур, при што доброволно се предал.Според италијанските медиуми, се работи за словенечкиот државјанин Адмир Сулиќ.Во Интерпол велат дека се верува дека осомничениот е поврзан со организацијата за местење натпревари чие седиште е во Сингапур.Веројатно се работи за истиот Адмир Сулиќ кој беше осуден за аферата „Офсајд“ во Хрватска заедно со уште двајца други.Интерпол верува дека се работи за личност поврзана со група за местење натпревари која ја предводи бизнисменот Тан Сит Енг, или познат како Дан Тан.Дописничката за BBC од Банкок, јави дека веста за апсењето се појавила во среда вечер на конференцијата за новинарите која ја држел тамошниот директор на Интерпол, Роналд Нобл, кој рекол дека осомничениот во моментот е на пат од Сингапур за Милано.Италијанската полиција веднаш издала потерница за него, а Нобл го брани Сингапур и југоисточните азиски земји од обвиненијата дека тие се центарот на местењето натпревари.Тврди дека европската полиција не дели информации на меѓународно ниво, со што ги остава азиските земји со малку докази врз чија основа може да делуваат.
МакфаксВо Италија уапсено е лице осомничено за местење фудбалски натпревари на меѓународно ниво.