Во неодамнешното интервју за магазинот „Тајмс“, Мартин Фримен одговори на критиките за еротскиот трилер „Девојката на Милер“, во кој глуми заедно со Џена Ортега.Еротскиот трилер , кој беше премиерно прикажан во јануари, ги подели критичарите и гледачите. Освен тоа, предизвика контроверзии поради интимните сцени меѓу 21-годишната Ортега и 52-годишниот Фримен.Џена Ортега и Мартин Фримен во филмот „Девојката на Милер“ развиваат повеќе од комплицирана врска, пред се затоа што тој е нејзин професор, а таа студент.И покрај контроверзите, Фримен објасни дека филмот е длабок и има многу нијанси.„Филмот не вели: „Зарем не е ова одлично?Различни асоцијации можат да ги расипат приказните кои се занимаваат со тешки теми“, вели актерот.„Тоа е вистински срам. Дали ќе го критикуваме Лијам Нисон за учество во филм за холокаустот?Режисерката на филмот рече и дека филмот има повеќе нијанси и дека не сакала да прикажува ликови кои се црно-бели.„Мислам дека е опасно да се прикажат жените како совршени жртви бидејќи тоа ни ја одзема агенцијата“, рече Бартлет.
Пронајдете не на следниве мрежи: