Најголем број туристи од Бугарија и Русија, еве колку Македонци ја посетиле Србија во март

Србија во март ја посетиле 153.155 странски туристи, што е за 9,7 отсто повеќе од март 2023 година, а најмногу пристигнати има од Бугарија – 14.278 и Русија – 14.122.
Според податоците на Републичкиот завод за статистика, по бројот на посети следат туристите од регионот, Босна и Херцеговина 12.983, Хрватска 11.486, Македонија 10.188.
Кога станува збор за посети од далечни дестинации, забележани се 6.693 посети од Кина, 2.336 од САД.
Бројот на посети на странски туристи во првиот квартал од годинава изнесува 1,16 милиони и е за 4,2 отсто поголем од пред една година.

Пронајдете не на следниве мрежи: