Ќе ви помогне во слабеењето



Ако сте решени да ослабете пред летото, но не можете да се придржувате до ниту една диета или вашите резултати се слаби, обидете се да вклучите моќен природен согорувач на масти во вашата рутина за слабеење. Коктелот со кефир ќе ви помогне да го забрзате метаболизмот и да ги „стопите“ килограмите со корегирана исхрана.

Со методот на интермитентно постење и овој напиток можете да изгубите од седум до осум килограми за еден месец. Ефикасниот кефир коктел треба да се пие наутро на празен стомак, а во рок од еден месец ќе ги забележите првите резултати.

Секако, потребно е да ја регулирате исхраната, да ги исфрлите слатките и тестото и барем малку да бидете физички активни – ова смути со кефир е сојузник во слабеењето, а не волшебно стапче. Сепак, со состојките на оваа домашна смеса ќе ја истенчите половината и ќе си го олесните слабеењето.

Пиењето кефир на празен стомак помага да се контролира апетитот, промовира ситост и поддржува здрав метаболизам. Други состојки, исто така, придонесуваат за губење на тежината и зајакнување на телото. Магдоносот ги активира уринарните канали, копарот и краставицата го подобруваат варењето и работата на цревата и малку го регулираат метаболизмот.

Потребни состојки:

300 мл кефир

магдонос, коријандер, копар – по 3 свежи гранчиња

една краставица

сол и бибер по желба

Подготовка:

Измијте ја краставицата и исечете ја на поголеми парчиња. Зелените исечкајте ги на помали парчиња. Истурете 150 ml кефир во блендер, додадете сецкани билки и краставица. Измешајте ги состојките додека не добиете изедначена смеса. Истурете ја преостанатата количина кефир, па повторно изматете го напитокот. По желба додадете сол и бибер.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: