„Буре барут“во Кинотека на Македонија






Вечерва во Кинотека на Македонија ќе биде изведена проекција на филмот„Буре барут“. Филмот е снимен според популарната драма на Дуковски, „Буре барут“ е сместена во Белград, во средина на „оловните и очајни“ деведесетти години од минатиот век. Животот на дваесетина луѓе се вкрстува на неочекувани и непријатни начини во текот на само една вечер. Фрагментарната драматургија на Дуковски го создава мозаикот од разни ликови и нивните судбини: момче го краде автомобилот од татко му, па по бенигната сообраќајка следува одмазда; Мане, по враќањето од странство, открива дека неговата сакана Наталија има нов љубовник; пензионираниот полицаец, „чика“ Димитрие, дознава кој и зошто му ги скршил коските; насилството и агресијата, наизглед со ништо предизвикани, еруптираат со трагични последици…

Драмскиот текст на Дејан Дуковски имаше мошне успешни поставки во Македонскиот народен театар (режија Сашо Миленковски), белградското Југословенско драмско позориште (Слободан Унковски) и низа други театарски сцени. Во филмот настапуваат и македонските актери Никола Ристановски и Тони Михајловски.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: