„Авантурите на една турбофолк принцеза“ на престижниот Conecta во Толедо, Шпанија






Проектот за ТВ-серија “Авантурите на една турбо фолк принцеза“ од авторите Андреј Волкашин и Петар В’лчев, а во продукција на ОXO, во конкуренција на проекти во развој од целиот свет е селектирана меѓу петте серии на овогодинешното издание на престижниот Conecta во Толедо, Шпанија, интернационален маркет за креирање, развој, продуцирање и финансирање на телевизиски содржини.

По освоената награда на CineLink на минатогодишниот Сараевски филмски фестивал и успешната презентација на интернационалниот филмски форум во Будимпешта, проектот ќе има можност да се претстави пред еминентни претставници на аудиовизуелната индустрија во Европа и Америка.

“Авантурите на една трубо фолк принцеза“ е музичка серија за една млада девојка Васка чија животна желба да стане турбо фолк пејачка ќе ја охрабри да замине од родното место, а со запознавањето со бунтовната Ебони ќе ги вкуси сите сакани и несакани животни искуства.

Серијата е копродукција меѓу Македонија и Бугарија, а во план е да започне со снимање во првата половина на 2025 година.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: