Драматична завршница со „трипл-дабл“ на Дончиќ за финале на Мавс во Западната конференција




Кошаркарите на Далас Маверикс се пласираа во финалето на Западната конференција од НБА лигата по вторпат во последните три сезони, откако ноќта кон неделата во шестиот натпревар од серијата ги совладаа гостинските Оклахома Сити Тандер со 117:116 и победија во серијата со 4-2.

Во конференциското финале ќе играат против победникот од мечот меѓу Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулфс, кои се изедначени во серијата на 3-3.

Далас Маверикс го надоместија заостанувањето од 17 поени во третата четвртина за да поведат на нешто помалку од четири минути до крајот. Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 29 поени, 10 скока и 10 асистенции. Кајри Ирвинг и Дерик Џонс Џуниор додадоа по 22 поени, Дерек Лајвли II постигна 12 поени со 15 скока.

„На полувремето рековме дека нема да се враќаме во Оклахома“, рече Дончиќ за негативата на неговиот тим од 16 поени на полувремето.

Оклахома беше предводена од Шај Гилџеус-Александер со 36 поени и осум асистенции. Вилијамс додаде 22 поени, девет скока и осум асистенции, а Чет Холмгрен постигна 21 поен.

Вашингтон погоди „тројка“ на две минути до крајот на регуларниот дел на натпреварот за водство на Далас од 113:110, па следеше полагање за Маверикс заводтво од пет разлика. Потоа, Гилџеус-Александер со „тројка“ ја приближи Оклахома на два поена. Вашингтон го фаулираше Гилџеус-Александер на 27 секунди до крајот кој реализираше само едно слободно фрлање за да ја доведе Оклахома на кош негатива. Тандер го задржа поседот и Гилџеус-Александер му додаде на Холмгрен за положување за водство од 116-115 на 20,4 секунди до крајот.

ПиЏеј Вашингтон изведе две слободни фрлања на 2,5 секунди до крајот. Пред тоа, тој беше фаулиран при шут за три поена и намерно го промаши третото слободно фрлање за да ги спречи Тандер, кои немаа веќе правво на тајмаут, да се постават за последниот напад. Џејлен Вилијамс се обиде да постигне кош од поле од својата половина со истекот на времето, но промаши.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: