Се ближи денот кога ќе ја играме ГТА 6

Долгоочекуваната ГТА-6 ќе излезе околу мај наредната година. Иако последната „Grand Theft Auto“ игра беше издадена пред 11 години, многу луѓе со возбуда ја чекаат новата. Рокстар се познати по нивните светски титлови како „LA Noire“, „Red Dead Redemption“, „Grand Theft Auto“ серијалот итн..

„Take-Two Interactive“, ќерка компанија на„Rockstar Games“,објави дека се ближи датумот на издавање на најновата ГТА игра.

Интересот за ГТА 6 е огромен: трејлерот за играта имаше повеќе од 190 милиони прегледи на Јутуб откако беше објавен од Рокстар во декември.

Аналитичарот на индустријата за игри, Пирс Хардинг-Ролс, изјави за Би-Би-Си дека долгото време за развој значело дека е поставено да се појави на пазарот „како најскапата игра некогаш направена“.

„Rockstar е познат по долгите циклуси на развој на игри бидејќи се стреми да ги усоврши своите игри пред да бидат објавени, но чекањето за GTA 6 беше подолго од кога било“, рече тој.

Тој додаде дека континуираниот успех на GTA 5 го намалил притисокот врз Rockstar да го забрзува процесот за креирање на нова игра.

Иако поминаа повеќе од 10 години откако Rockstar ја објави GTA 5, играта продолжува да биде клучен извор на приходи за „Take-Two“.

Во својот повик со инвеститорите во четвртокот, таа откри дека до денес продала 200 милиони единици ширум светот, а нејзината публика пораснала за 35% минатата година.

Тоа значи дека сè уште е вториот најпродаван наслов за видео игра на сите времиња, зад „Minecraft“.

Пронајдете не на следниве мрежи: