![stefan ristovski tim na sezonata](https://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2024/05/stefan-ristovski-tim-na-sezonata.jpg)
Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски е избран во тимот на сезоната хрватскиот фудбалски шампионат..
Во Хрватска по дванаесетти пат ги доделија наградите „Трофеј Ногометаш“ со гласови од фудбалери и тренери од оваа земја.
Во првенството на Хрватите оваа сезона Ристовски одигра 26 натпревари и запиша две асистенции, а вреди да се напомене дека половина сезона играше и како стопер.
Покрај тоа, Македонецот одигра уште три натпревари во Купот на Хрватска, осум во Конференциската лига и уште шест низ квалификациите за европските купови – вкупно 43.
Меѓу најдобрите во сезоната се најдоа шест фудбалери на Рјека пет на Динамо, како и еден од Осјек.