![CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82](https://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2024/05/odbojkarska-reprezentacija.jpg)
Македонската одбојкарска репрезентација претрпе пораз од Белгија во мечот од 4. коло во Европската златна лига.
Белгијците ги добија првиот и третиот сет, ние одговаравме во вториот и четвртиот за да во решавачната рунда диктираме темпо, водиме и со четири разлика, меѓутоа домашните одбојкари се врати и се влезе во егал завршница во која ние не искористивме две меч топки и на крајот стигна казна за 17-15 и конечни 3-2 (25-22, 22-25, 25-17, 24-26,17-15)
Капитенот Ѓоргиев се истакна со 28 поени, а двоцифрен беше и Савовски со 10 поени.
Сега популарните „спартанци“ имаат учинок 1-3, следниот натпревар го играме против Хрватска.