Сончево со мала облачност, попладне нестабилно со дожд и грмежи  



Постабилно време се очекува од петок, а за време на викендот синоптичарите најавуваат температури над просекот за овој период од годината

Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, во западните и крајните источни делови ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи која наместа ќе биде изразена во форма на невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. 

Временска прогноза за 28.05.2024 г. / Извор: УХМР

Минималната температура ќе се движи во интервал од шест дои 13 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 16 до 28 степени. 

За Скопје синоптичарите прогнозираат слично време, сончево со мала до умерена облачност која се очекува да биде поголема во попладневните часови со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура во главниот град ќе изнесува 10, а максималната ќе се искачи до 27 Целзиусови степени. 

Според УХМР, до четврток, претежно во попладневните часови ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. 

Постабилно време се очекува од петок, а за време на викендот температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината. 

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: