Ибраими го „ДЕМОЛИРАШЕ“ Копер со два погодоци и маестрална партија за Марибор!!!

Најдобриот македонски фудбалер ги продолжува одличните настапи за словенечки Марибор постигнувајќи нови погодоци и прикажувајќи фантастични потези во дресот на словенечкиот тим.Агим Ибраими беше стрелец на два гола за екипата на Марибор на дуелот со Копер каде неговиот тим славеше со убедливи 6-1 на „Људски Врт“ во Марибор.
Менди, Бохар и Црниќ на два пати беа стрелци на почетните погодоци за Марибор, Копер намали на 4-1 преку Губерац.
Потоа следеше „гол шоу“ на нашиот интернационалец.
Најнапред во 73-тата минута Ибраими сигурно реализираше од пенал и го доведе својот тим во водство од 5-1, а на три минути пред крајот на мечот, односно во 97-мата минута повторно ја затресе мрежата на Копер и стрелаше за убедлива победа од 6-1.
Екипата на Марибор после две одиграни кола се наоѓа на чело на позицијата во Првата Словенска Лига со освоени максимални 6 бода и со 4 гола во позитива.Агим Ибраими беше стрелец на два гола за екипата на Марибор на дуелот со Копер каде неговиот тим славеше со убедливи 6

Пронајдете не на следниве мрежи: