Историска пресуда во САД: Трамп прогласен за виновен за поткуп на порно ѕвезда

Со ова, Трамп стана првиот американски претседател кој е осуден за кривично дело. За време на објавата со која се потврди неговата вина, Трамп мирно ги посматрал поротниците

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е прогласен за виновен по сите 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја, со цел да го прикрие поткупот што ѝ го исплатил на поранешната ѕвезда во филмови за возрасни Сторми Даниелс, непосредно пред претседателските избори во 2016 година, објавила 12-члена порота во судот на Менхетн, пренесува Си-ен-ен.

Со ова, Трамп стана првиот американски претседател кој е осуден за кривично дело. За време на објавата со која се потврди неговата вина, Трамп мирно ги посматрал поротниците.

Фото: EPA-EFE/JEENAH MOON / POOL

Соред американските медиуми, ова означува опасен политички момент за Трамп, како можен кандидат за номинација на републиканците, чии бројки на анкетите останале непроменети во текот на судењето, но според американските аналитичари, можат во секој момент да се намалат.

Пресудата ќе биде изречена на 11 јули.

Против поранешниот претседател се поднесени уште три обвиненија, но тие судења не се очекува да се одржат пред изборите во ноември. Трамп се изјасни за невин и за тие случаи.

Реагирајќи на пресудата пред судот во Њујорк, поранешниот претседател Доналд Трамп за „Ројтерс“ изјави дека не ја прифаќа одлуката, т.е. дека е невин и дека вистинската пресуда народот ќе ја донесе на 5 ноември.

„Вистинската пресуда ќе биде на 5 ноември од народот. Ова беше фиксна одлука од првиот ден, од корумпиран судија. Не направивме ништо лошо, јас сум невин човек. Ќе продолжиме да се бориме. Ќе се бориме до крај и ќе победиме“,

рече Трамп.

Поранешниот американски претседател се товари дека преку својот адвокат ѝ исплатил 130 000 долари на Сторми Даниелс за да молчи за нивната наводна афера пред изборите во 2016 година. Тие пари во документите ги претставил како трошок за адвокат. Поранешниот адвокат на Трамп Мајкл Коен сведочел дека тој лично ги вршел исплатите на Даниелс.

Трамп се изјасни за невин во сите четири случаи и тврди дека тие се дел од пошироките напори на сојузниците на демократскиот претседател Џо Бајден да ја поткопаат неговата кандидатура.

Инаку, ова формално не го дисквалификува Трамп да се кандидира за претседател.

!function(f,b,e,v,n,t,s){if(f.fbq)return;n=f.fbq=function(){n.callMethod?
n.callMethod.apply(n,arguments):n.queue.push(arguments)};if(!f._fbq)f._fbq=n;
n.push=n;n.loaded=!0;n.version=’2.0′;n.queue=[];t=b.createElement(e);t.async=!0;
t.src=v;s=b.getElementsByTagName(e)[0];s.parentNode.insertBefore(t,s)}(window,
document,’script’,’https://connect.facebook.net/en_US/fbevents.js’);

The post Историска пресуда во САД: Трамп прогласен за виновен за поткуп на порно ѕвезда appeared first on 365.com.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: