Маж во германскиот град Хаген ја застрелал својата бремена сопруга во главата, ранил уште три лица

Во пукање во германскиот град Хаген ранети се четири лица, а осомничениот сторител е во бегство, соопшти полицијата. Според достапните информации, бегалецот е 34-годишниот Мехмет О. кој ја застрелал својата бремена сопруга во главата. Лекарите се борат за нејзиниот живот, пренесе хрт.хр.

Илустративна фотографија: : EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Откако пукал во нивниот заеднички стан, насилникот истрчал на седмиот кат и испукал околу шест куршуми во заклучената врата од еден од становите. Таму никој не бил повреден. Потоа со автомобил се упатил кон фризерски салон во близина каде ранил уште три лица.

Според досегашните информации, 34-годишниот маж од турска националност е во бегство, а полицијата започна опсежна потрага по него повикувајќи ги граѓаните да го избегнуваат просторот околу местото на злосторството.

Во потрагата е вклучен и полициски хеликоптер. Властите претходно за ДПА потврдија дека двете места на злосторството се фризерски салон и блиска станбена зграда во Хаген, јужно од Дортмунд.

Пронајдете не на следниве мрежи: