петок, 27 ноември 2026
Најново

Избори во Србија: Излезноста во Белград до 19 часот 42,2 отсто, во Нови Сад 46,3 во Ниш 44,4

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Србија денеска се одржуваат избори за советници на градското собрание на Белград и во 14 други градови и 74 општини и урбани општини.
На изборите за градското собрание на Белград, како и за собранието на Нови Сад учествуваат 14 листи, а во Ниш има 11 листи.
Покрај овие три града, избори се одржуваат и во 12 други градови: Суботица, Зрењанин, Кикинда, Вршац, Панчево, Сомбор, Сремска Митровица, Ваљево, Пожаревац, Јагодина, Ужице и Чачак.
Избори се одржуваат во 17 белградски општини и во уште 51 општина во Србија.

Во Белград до 19 часот гласале 42,2 отсто од гласачите, објави денеска Чесид. Во Нови Сад излезноста до 19 часот е 46,3 отсто, а во Ниш 44,4 отсто.

Поврзани вести