Затвореник тешко повреден во тепачка во „Идризово“



Повредите кај затвореникот биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје

Дваесет и деветгодишниот затвореник Х. Ф. се здобил со тешки телесни повреди во физичка пресметка меѓу две групи затвореници во затворот „Идризово“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Физичката пресметка се случила вчера, во затворениот дел на установата.

Повредите кај затвореникот биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

„На 01.06.2024 во 18:47 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, од Казнено-поправната установа ‘Идризово’ било пријавено дека во затворениот дел на установата бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи на затвореници, во која осуденикот Х. Ф. (29) од с. Студеничани, скопско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември’ во Скопје“,

се вели во полициското соопштение. 

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: