(ВИДЕО) „ОВА РЕТКО СЕ СЛУЧУВА“ Крава го блокирала преминот кон границата во Требиње

На граничниот премин Жупчи, на преминот меѓу Требиње и Херцег Нови, односно Босна и Херцеговина и Црна Гора, крава вчера застанала пред автомобил и го блокирала преминот на возачите на граница.На видеото кое може да се види на социјалните мрежи може да се види како кравата застанала пред автомобилот, додека возачот и сопатникот, изненадени од глетката што ја гледаат, ја молат да се помести, пренесува Српскаинфо .Видеото може да го ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА– Треба да одиме на граница, но не можеме – се слушаат жена и маж како коментираат од автомобил пред кој застанала крава, јавува Требиње 24.Се слуша како двајцата го молат ова животно да се помрдне, а коментираат дека досега стоеле во толпа, но дека никогаш немале крава пред себе.– Ајде краво. Премести се. Е нема! Сега што? – низ смеа коментираат жената и мажот во возилото.

Пронајдете не на следниве мрежи: