Вчерашниот напад на данската премиерка Мете Фредериксен се случи на два дена пред Данска да гласа за европските избори. Непосредно пред инцидентот, Фредериксен учествувала на настан во кампањата на нејзините социјалдемократи, но данските медиуми јавуваат дека нападот не е поврзан со ниту еден предизборен настан
Данската премиерка Мете Фредериксен вчеравечер била нападната од маж на централниот плоштад „Култорвет“ во главниот град Копенхаген.
Информацијата за нападот над Фредериксен ја објави нејзиниот кабинет. Во соопштението, во кое нема многу детали, оттаму велат дека премиерката е шокирана поради инцидентот, а осомничениот напаѓач е уапсен. Нема информации за позадината на нападот ниту дали Фредериксен е повредена.
Полицијата потврди дека го уапсила мажот осомничен за случајот и дека го истражува инцидентот.
Вчерашниот напад на данската премиерка се случи на два дена пред Данска да гласа за европските избори. Непосредно пред инцидентот, Фредериксен учествувала на настан во кампањата на нејзините социјалдемократи, но данските медиуми јавуваат дека нападот не е поврзан со ниту еден предизборен настан.
Челниците на Европската Унија го осудија нападот.
Пред три недели, словачкиот премиер Роберт Фицо беше тешко повреден во напад.