Ова се првите 10 најскапи градови во светот

Градовите во Швајцарија – Цирих, Женева, Базел и Берн – заземаа четири од 10-те места. Њујорк е рангиран на седмото место.Првите пет места беа непроменети во однос на претходната година, но Лондон се искачи за 9 места од 17. на 8. место.Топ 10 најскапи градови за иселеницитеИстражувањето ги спореди трошоците за повеќе од 200 предмети во секој од 226-те проучувани градови – вклучително домување, транспорт, храна, облека, домашна стока и забава.Њујорк беше користен како репер, а валутните флуктуации беа измерени во однос на американскиот долар.
Хонг Конг

Сингапур

Цирих, Швајцарија 

Женева, Швајцарија 

Базел, Швајцарија

Берн, Швајцарија 

Њујорк, Соединетите Американски Држави

Лондон, Обединето Кралство

Насау, Бахамите 

Лос Анџелес, Соединетите Американски Држави
Градовите во Нигерија, Пакистан и Киргистан беа најевтините градови за живеење на иселениците, додека Лагос и Абуџа, Нигерија паднаа за 178, односно 86 места, на 225-то и 226-то место.

Пронајдете не на следниве мрежи: