Министерството за надворешни работи на Русија објави дека ќе забрани голем број медиуми од Европската унија, како одговор на забраната за руските медиуми во Европа.
Во мај, Европската унија објави дека ја суспендира работата на четири „пропагандни мрежи поврзани со Кремљ“, лишувајќи ги од правото да емитуваат и дистрибуираат на нејзина територија.
- Неговиот човек раскажува за моментот кога Вучиќ дознал дека ги изгубил изборите во СрбијаПретседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, го коментираше изборниот пораз на неговата партија и на… Read more: Неговиот човек раскажува за моментот кога Вучиќ дознал дека ги изгубил изборите во Србија
- Мицкоски: Целта е јасна да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен животДенес зборуваме за една од најважните теми за секое општество. За работата. За човекот кој создава, произведува,… Read more: Мицкоски: Целта е јасна да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот
- Колкава плата ви е потребна за да бидете богати во Германија?Колку нето приход има некој од средната класа и каде започнува богатството? Институтот за германска економија во… Read more: Колкава плата ви е потребна за да бидете богати во Германија?
- Хаџиу ја избра Македонија за својата прва официјална посета како претседателка на косовското СобраниеПретседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателката на Собранието на Република Косово, Аљбуљена Хаџиу,… Read more: Хаџиу ја избра Македонија за својата прва официјална посета како претседателка на косовското Собрание
- (Видео) Манасиевски до СДСМ: Наместо да слават за победа на избори на друга партија во друга држава, нека си го средат својот дворПромените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на… Read more: (Видео) Манасиевски до СДСМ: Наместо да слават за победа на избори на друга партија во друга држава, нека си го средат својот двор
Забраната се однесуваше на Гласот на Европа, новинската агенција РИА и весниците Известија и Росијскаја Газета.
Руското Министерство за надворешни работи денеска возврати, објавувајќи список од 81 медиумска куќа од 25 членки на Европската унија, чија работа и емитување сега ќе бидат забранети во Русија.
„Руската Федерација постојано предупредуваше на различни нивоа дека политички мотивираното вознемирување на руските новинари и неоправданата забрана на руските медиуми во ЕУ нема да останат без одговор“, се вели во соопштението на Министерството.
„И покрај тоа, Брисел и главните градови на земјите-членки се одлучија на патот на ескалација, принудувајќи ја Москва да усвои реципрочни и пропорционални контрамерки“, се додава во соопштението.
Министерството ги обвинува западните медиуми дека „систематски шират неточни информации“ за руската „специјална воена операција“ во Украина.
Меѓу забранетите медиуми се француската новинска агенција Франс прес, австриската телевизија ОРФ, ирската телевизија РТЕ и шпанската новинска агенција ЕФЕ и паневропската Политико.
Пронајдете не на следниве мрежи:



