Словачкиот премиер за прв пат се појавува во јавноста по неговиот атентат

Премиерот на Словачка првпат се појави во јавноста откако обидот за атентат го остави да се бори за живот.Роберт Фицо беше застрелан четири пати од непосредна близина во средината на мај, во она што обвинителството го опиша како терористички напад.Говорејќи од говорницата во урнатините на замокот кој датира од пред 11 века, Фицо удри по прогресивните идеологии за кои рече дека „се шират како рак“ и ѝ штетат на земјата.„Не сакам Словачка да биде меѓу земјите кои се карикатура на западната цивилизација“, рече 59-годишниот.Левичарско-националистичката влада на Фицо брзо ја промени политиката откако ја презеде власта во септември минатата година, вклучително и промена на некои кривични закони и стопирање на воената помош за Украина.

Опозициските партии се бореа со владата за промените, додека Европската унија ја набљудуваше за поткопување на владеењето на правото или медиумските слободи.Фицо се соочи со критики за неговите проруски ставови, додека министерот за надворешни работи се сретна со неговиот руски колега.Во својот говор, премиерот го повтори повикот за мировни преговори меѓу Украина и Русија.Тој додаде дека ќе му се придружи на унгарскиот премиер Виктор Орбан на контроверзното патување – кое тој го нарече „мировна мисија“ – во Москва доколку неговото здравје го дозволи.„Нема доволно, повторувам, нема доволно мировни преговори, мировни иницијативи“, рече тој.Инаку, атентаторот, маж идентификуван како 71-годишниот Јурај Ц, рекол дека сакал да го повреди Фицо, но не и да го убие, поради политички разлики.Левичарскиот премиер беше застрелан четири пати на 15 мај додека се поздравуваше со приврзаниците по состанокот на владата во градот Хандлова

Пронајдете не на следниве мрежи: