Хорор во Сиднеј, во пожар загинаа 3 деца: Се сомнева дека го подметнал таткото! (ВИДЕО)

Три деца, меѓу кои и 10-месечно бебе, загинаа во пожар што рано утринава избувна во куќа во близина на Сиднеј, а локалните медиуми објавија дека австралиската полиција го истражува случајот како убиство.Службите за итни случаи биле повикани на имотот во Лалор Парк, населба на околу 35 километри западно од центарот на Сиднеј, околу 1 часот по полноќ по локално време, соопшти полицијата, според Ројтерс.На две момчиња, на возраст од две и четири години, им била укажана помош на местото на настанот, но починале набргу откако биле примени во болница. По гаснењето на пожарот пронајдено е безживотно тело на десетмесечно девојче, соопшти полицијата.
Three children have died and a man is in custody after a house fire in Lalor Park. @JackHahn9News #9NewsDETAILS: https://t.co/8lq23vQHAd pic.twitter.com/tdgLrx5TLJ— 9News Sydney (@9NewsSyd) July 6, 2024
Уште четири деца, на возраст од шест до 11 години, се во стабилна состојба во болница, како и нивната мајка, која се лекува од вдишување чад.Повредениот 28-годишен маж, кој ги попречувал напорите на полицијата да влезе на имотот, е приведен и под полициски надзор е пренесен во болница.-Истрагата за овој случај кој се смета за семејно убиство ја презедоа инспекторите за убиства. Во моментов, се чини дека 28-годишен маж е одговорен за повеќекратните убиства, изјави портпаролот на полицијата Дени Доерти.

Пронајдете не на следниве мрежи: