Знаете ли зошто сите јадат јагоди и крем на Вимблдон?

Вo неделата, 14 јули, заврши најстариот и најпрестижниот тениски турнир, 137 Вимблдон, а интересно е што секоја година за време на турнирот се берат и јадат повеќе од 38,4 тони јагоди или повеќе од 1,92 милиони јагоди. Од каде потекнува оваа традиција?Уште од раните 1900-ти, гледачите на Вимблдон уживаат во јагоди со слатка павлака, комбинација која стана синоним за Вимблдон. Во тоа време, јагодите се сметаа за луксузно овошје, бидејќи беа достапни само за кратко време од годината, а тоа беше токму за време на Вимблдон.Познато е и дека само оние од високата класа можеа да си дозволат да дојдат на Вимблдон, па започна традицијата на јадење јагоди, која трае до денес. Нивната цена не е променета од 2010 годинаЈагодите кои се служат на Вимблдон се од сортата наречена Malling Centenary и се произведени од семејната компанија Хју Лоу Фармс. За да обезбедат доволно јагоди за време на турнирот, секоја година засадуваат 100 илјади садници.Сите јагоди се берат рачно, а оние кои не се јадат за време на турнирот се замрзнуваат и се користат за правење џем. Интересно е и тоа што нивната цена не е променета од 2010 година – на официјалната веб-страница на Вимблдон стои дека една порција јагоди со крем и понатаму чини 2,50 фунти, односно нешто помалку од 3 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: