Фото: Овие близначки се вистински феномен – еве зошто!

Близначките Кијан и Реми се родени со само една минута разлика и тие се вистински медицински феномен. Кијан има темна боја на кожа, а Реми е синоока и со бела боја на кожа.
Овој редок медицински феномен се случува еднаш во милион, а објаснувањето стои зад различните наследни фактори кои учествуваат во создавањето на бојата на кожата.
Ако ги сретнете на улица ќе помислите дека се работи за две најдобри другарки. Единствената заедничка работа им е неодоливата насмевка, но тие две за седум години ниту еднаш не го поставиле прашањето зошто толку се разликуваат, ниваната близначка врска им е сосема доволна.
„Тие се совршен пример како светот би требало да изгледа. Нив не ги интересира бојата на кожата, иако многумина тоа го гледаат како проблем“, изјавила нивната мајка Кајли за Дејли Маил.

 Кијан и нејзината една минута постара сестра се родени во април 2005 година. Нивните дедовци се белци, а бабите црни.
„Забележав дека и двете имаат сини очи кога се родија“, ја продолжува приказната гордата мајка на овие близначки.
„Но, косата на Реми беше руса, а Кијан имаше темна кожа. За мене тие две не изгледаа чудно, тие се мои деца. Мислев дека со време ќе почнат да си личат“.
 Сепак, со време станувале се поразлични. Кожата на Кијан станувала се потемна, Реми останала синооко русокосо девојче.
„Луѓето често ме прашуваат зошто ги облекувам исто. Само им одговарам: Затоа што се близначки, и ги оставам да се прашуваат. Тоа ужасно ме нервираше“, додала таа.Кијан има темна боја на кожа, а Реми е синоока и со бела боја на кожа.
Овој редок медицински феномен се случува еднаш во милион, а објаснув

Пронајдете не на следниве мрежи: