(Видео) Хаос во Англија: Опожарен хотел со мигранти, дополнително обезбедување на џамиите!

Поголема група демонстранти против мигрантите упаднаа во хотел во англискиот град Ротерам каде што се сместени баратели на азил и го запалија.
Многумина беа обвиени со англиски знамиња, а ги пречекаа учесниците на контра собирот кои извикуваа слогани за поддршка на мигрантите, пренесува „Мирор“.

Тензиите ескалираа, а снимките на социјалните мрежи покажаа дека демонстрантите фрлаат предмети кон полицијата, принудувајќи ги да се повлечат.
Демонстрантите потоа ги скршиле стаклата на хотелот, а потоа ја запалиле зградата.
Откако синоќа избија насилни протести ширум Англија, досега се уапсени најмалку 100 лица, а за денеска се најавени нови демонстрации во повеќе градови.

Немири и протести беа предизвикани од напад со нож во градот Саутпорт каде 17-годишник уби три девојчиња на час по танц.

Пронајдете не на следниве мрежи: