Пезешкијан до Макрон: Иран го задржува правото да одговори на агресијата

Техеран го задржува правото да одговори на агресијата и заканите по безбедноста на Иран, изјави денеска иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во телефонски разговор со францускиот колега Емануел Макрон.

„Исламската Република Иран смета дека избегнувањето војна и обидот за воспоставување мир и безбедност во светот е еден од нејзините основни принципи, но во рамките на меѓународното право никогаш нема да молчи пред заканите за интересите и безбедноста на земјата“, предупреди Пезешкијан.

Тој, исто така, го критикуваше „пасивното однесување“ на САД и другите западни земји по нападот на Израел врз иранската амбасада во Дамаск и атентатот на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије во Техеран.

Пезешкијан посочи дека „регионот и светот нема да видат стабилност, безбедност и мир се додека ционистичкиот режим, со политичка, финансиска, вооружена и медиумска поддршка на САД и западните земји, врши геноцид, криминал и терор“.

Тој наведува и дека Иран отсекогаш играл улога во воспоставувањето мир и безбедност во регионот, но дека Израел се обидува да „предизвика пожар“ на Блискиот Исток со своите „криминални и терористички акции“ против Палестинците.

Иранскиот претседател го повика Западот да докаже дека е посветен на мирот во регионот со повлекување на поддршката за Израел и запирање на нападите врз Газа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.