Технички проблем со авионот на Трамп: Пренасочен кон поблизок аеродром

Авионот на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, имал технички проблеми пред да слета во Билингс, Монтана, соопшти утрово американската тајна служба.

Тајната служба соопшти дека техничкиот проблем на авионот не е поврзан со безбедносно прашање, пренесува NBC News.

Не е јасно дали Трамп првично имал намера да слета во Билингс или во Бозман, каде што требаше да се појави на хуманитарна вечера и митинг.

Кампањата на Трамп не одговори веднаш на барањето за коментар.

Пронајдете не на следниве мрежи: