Велешанец палејќи трева се здобил со изгореници

Полицијата извести дека вчера во 11.20 часот во СВР Велес, било пријавено дека М.Б.(84) од Скопје предизвикал општа опасност во село Оморани, општина Чашка, при што во дворното место од неговата куќа била опожарена сува трева.

М.Б. од пожарот се здобил со изгореници констатирани во Општа Болница – Велес.

Увид бил извршен од увидна екипа од СВР Велес.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.