Вучиќ свика состанок поради протестот против ископот на литиум

Српските медиуми известуваат дека претседателот Александар Вучиќ вечерва свикал состанок за состојбата на протестот против ископ на литиум и блокадата на железничките станици Прокоп и Нови Белград.

Тие наведуваат дека во Претседателството има состанок „за оваа криза“, а заседава кризен штаб.

Вучиќ во наредните часови ќе донесе одлука како да се реши оваа ситуација“, пишува Политика.

Потсетуваме дека во Белград е во тек блокада на пругата и автопатот. Граѓаните протестираат затоа што не сакаат Рио Тинто да започне со ископ на литиум во Србија.

На вечерашниот протест во Белград против ископувањето на литиум, според моментално достапниот материјал, се собрале приближно 40.000 луѓе, соопшти Архивата на јавни состаноци.

Пронајдете не на следниве мрежи: