Доколку сте љубител на авантури и ви е здосадено од обични патувања, ви ги претставуваме 8-те најморничави туристички атракции во светот.1. Шумата на самоубиствата, Јапонија
Луѓето кои живеат близу до „шумата на самоубиствата“ Аокигахара велат дека областа ја посетуваат три вида на луѓе: туристи кои доаѓаат да ја набљудуваат планината Фуџи, морбидни љубопитни посетители и луѓе кои никогаш нема да се вратат назад. Оваа шума е второто најпопуларно место за самоубиства, после мостот Голден Гејт. Секоја година помеѓу 10 и 80 луѓе овде го завршуваат својот живот. Затоа насекаде се поставени знаци како: „Вашиот живот е драгоцен дар од вашите родители“ или „Ве молиме, консултирајте ја полицијата пред да одлучите да умрете!“.
2. Музејот на мумиите, Мексико
Од епидемијата на колера во Гванахуату во 19-тиот век настрадале стотици луѓе. Како резултат на тоа гробиштата станале толку претрупани, што властите вовеле такса за семејствата на починатите. Роднините кои не биле во можност да платат морале да ги ископуваат своите починати и да ги балсамираат. Иако оваа пракса е прекината во 1958 останува музејот да потсетува на тоа време.
3. Пазарот на вуду реквизити во Лоум, Того
Того е познато по тропските временски услови, неверојатните резби во дрвјата, Емануел Адебајор, како и по подземниот вуду пазар. Овој пазар е преполн со мртви мачки, кучиња, мајмуни и разни други „состојки“ што ги користат вуду врачевите, а туристите го обиколуваат пазарот за да си купат сувенири.
4. Украсените черепи во Халштат, Австрија
Во мала зграда зад градската католичка црква се наоѓаат 1.200 човечки черепи. Тие им припаѓаат на починати жители на градот чии тела биле ископувани за вршење на „магична церемонија“ 10 до 15 години после смртта, по што черепите биле украсувани.
5. Проколнатото одморалиште, Тајван
Група застарени капсули во облик на летечки чинии се распослани по полето кое инаку има пријатен изглед. Тие се напуштени поради верувањето дека оваа земја наводно е проколната. Во 17-тиот век локалното население ја опколило тврдината Зиленди во борба против агресивните холандски колонизатори и биле масакрирани стотици мажи, жени и деца. Од тогаш на ова тло се имаат случено многу чудни работи. Згора на тоа, работниците кои го граделе одморалиштето пресекле на два дела статуа на змеј за која се говорело дека носи среќа. Тајванската влада одбива да говори за овој прекинат проект.
6. Градот на духови, Кина
Според кинеската митологија чистите духови по смртта одат во рајот, а злобните одат во Дију, нешто што е пандан на христијанскиот пекол. Градот на духови Фенгду е моделиран според митолошкиот пекол. Градот е преполн со гробници и храмови, статуи со злобен изглед и мост кој наводно ги исфрла лошите луѓе во водата. Фенгду е сепак место кое привлекува илјадници туристи од целиот свет.
7. Музејот Мутер, Филаделфија
Луѓето отсекогаш биле фасцинирани од чудни работи, но некогаш нивната опсесија оди предалеку. Д-р Томас Дент Мутер ја поминал целата своја медицинска кариера проучувајќи ги најчудните болести и деформитети. Кога починал „сувенирите“ од неговата работа биле изложени за јавноста. Во овој крајно бизарен музеј можете да видите јајник со големина на фудбалска топка, цел ѕид од деформирани скелети и двоглаво бебе зачувано во формалдехид.
8. Катакомбите во Париз, Франција
Откако ќе го прошетате Градот на светлината и ќе си купите мала реплика на Ајфеловата кула, посетете ги париските катакомби, но само ако не се плашите од скелети. Тие се внимателно сложени и уредно распоредени во групи, што можеби е и најморничавата работа во врска со ова место.
извор: think.mk1. Шумата на самоубиствата, Јапонија



