Во вторникот игравме против Србија, во Јагодина. Не е битно со кој резултат заврши утакмицата, дали игравме добро или лошо, з’ш после 90 минути играни самите бевме криви шо изгубивме со 5-1.Воопшто не се нервирам со то, Македонската репрезентација скоро никогаш незнаела да не израдвит, освен некој нерешени игри против Англија и Холандија сето друго е од калибарот “да ти се мочам во играта ваша„ а не ни очекувам некој изненадувања како например Словенија пред 10-15 години и Босна ова година..
Не, јас се изнервирав со фактот како бевме повторно пречекани од нашите “браќа„ Срби. Со Грчки знамиња и пароли дека Македонија е Грчка, Фиромизирани од страна на Српската државна телевизија и еден куп други омаловажувања. Секогаш истите провокаци ги трпиме од сите. Ете имаше полна трибина со Грчки знамиња, но полицијата ништо не превзеде. А памтам пред месец дена дека кога играше Шалке против Паок, со полициска сила беше одстрането Македонското знаме…
Е сега јасно е дека Македончето никогаш не подлегвит на ваквите провокаци од одредени личности и дека не се сите Срби такви, но мислам не е лошо и ние малце да провоцираме од наша страна, да ги боцните чуствата на Србите, па еве неколку наши предлози.
1. При секој влез на Србин да се барат 50 евра патарина ако ојт за Грција на одмор.. З’ш 50 евра? Онака дека можеме, ако несакаат да плаќаат нека одат преку Пирот и Софија за Солун!
2. Во Скопје веќе го пишит Београд на сите патокази а обратно Скопје го пишит после Ниш (а Солун веќе го пишит пред Ниш!) па така и ние наместо Београд одсега ќе си го пишиме Загреб на нашите патокази. Београд воопшто неморат да се пишит негде. (Уште не ми е јасно з’ш пишит Атина кога влегвиш во Македонија од к’ј Табановце, нека се избришит и то!)
3. Кога играме футбал, Ракомет, Кошарка или било кој спорт против Србија, наместо Србија одсега да си пишиме “Србија без Косово„ Ако се прает тие на три-ипол тогаш и ние можеме!
4. Пред сите хотели, стадиони и незнам кој други официјални места кога имат Срби да се тргнит Српското знаме… Ако морат да се вее знаме да го наредиме то од Војводина.
5. А можда најболно ќе им е да објавиме карта од Србија без Косово и Војводина. Онака како грешка во вестите, на некој статии или на официјални самити…
Со вакви мали омаловажувања немат можда да бидиме најдобри пријатели со Србите, но тие веќе си го покажаа своето лице во вторникот а и многу други пати кога сми играле против нив!
Извор: Оhrigani.mkВоопшто не се нервирам со то, Македонската репрезентација скоро никогаш незнаела да не израдвит, освен некој нерешени игри против Англија и Холанди



