(Фото+видео) Во Тетово ништо ново: Градот е ГОЛЕМА ДЕПОНИЈА со месеци, врие од ѓубре и кучиња скитници

Со месеци во Тетово врие од ѓубре, а граѓаните се жалат дека градот е претворен во голема депонија. Сметот не се одлага навремено и врие од куќиња, па луѓето се загрижени несоодветната хигиена да не предизвика појава на заразни болести кај тетовци.

Жители на Тетово до редакцијата на Инфомакс испратија фотографии од состојбата во Тетово која е повеќе од загружувачка.

Тетовци испратија и вознемирувачко видео од куќиња скитници кои предизвикуваат страв и ги ставаат во опасност жителите на градот.

Инфомакс и пред неколку месеци беше на терен во Тетово каде ги прашавме граѓаните како се задоволни од работата на градоначалникот Биљал Касами. Градот и тогаш тонеше во смет. Во продолжение нашата репортажа за Тетово:

Пронајдете не на следниве мрежи: