Шокантни фотографии: Што пушењето му прави на вашето тело?

Што пушењето му прави на вашето тело? Од алармантниот графички приказ може да се види колку цигарите предизвикуваат на жените да им побеле косата и да им пораснат влакна на лицето, додека пак мажите да имаат ослабена сперма. 
Проектот „Тутунско тело“ е создаден во соработка со финското Здружение против рак, за да се види штетата што ја предизвикува пушењето. Ги потенцира помалку познатите ефекти, како што се дамките на кожата, сива коса, зголемен ризик од чир на желудникот и зголемување на телесната тежина.
Сите знаеме дека пушењето може да предизвика рак на белите дробови, но дали сте знаеле и дека тоа исто така може да предизвика на жените да им побеле косата, да им растат влакна на лицето, а на мажите да им ослабе спермата?
 
Обидувајќи се да се придвижиме од застрашувачките слики против пушењето сместени на кутиите од цигарите, финските доктори имаат развиено интерактивни Веб сајтови за да се потенцираат опасностите.
 
Проектот „Тутунско тело“ е создаден во соработка со финското Здружение против рак, за да се види штетата што ја предизвикува пушењето.
Од дамки на кожата, па се до зголемен ризик од чир на желудникот, листата на несаканите ефекти и сликите од истите се дури и вознемирувачки за гледање – па се до сивата и точкаста (бемкаста) кожа на пушачот.

 

За жените, еден од најпознатите вознемирувачки ризици е зголемениот раст на влакна на лицето и рацете. Веб-страницата објаснува дека на пример кај кожата, пушачите се посклони да добијат бемки и дамки, бидејќи пушењето ја слабее циркулацијата што го зголемува ризикот од инфекција, а исто така акните се потешки за отстранување. Страницата додава дека кожата на пушачите изгледа нездраво, бидејќи хемикалиите во чадот од цигарите ги ослабуваат еластичните влакна со што кожата ја губи својата еластичност.
Непушачите исто така имаат пет пати помалку брчки во споредба со пушачите кои пушат по една кутија цигари на ден во период од 25 години. Растот на влакната кај жените е поттикнат бидејќи пушењето го зголемува нивото на машкиот хормон тестостерон.
 

 

Всушност, една студија од Медицинскиот колеџ во Висконсин открила дека жените кои пушеле кутии цигари или повеќе на ден за разлика од непушачите почесто имаат зголемен раст на влакната на лицето, рана менопауза и неправилни менструации.
Поголема е веројатноста пушачите да се здебелат околу нивната половина. Истражувањето тврди дека, девојчињата кои пушат на возраст од 16-24 имаат поголеми шанси да бидат дебели.
 
Косата исто така не е здрава и веб страницата тоа го објаснува вака: „Пушачите се со поголема веројатност да оќелават и осиват за разлика од оние кои не пушат. Хемикалиите од тутунот се собираат во косата и предизвикуваат косата да се двои пред таа да биде целосно оформена“.
 

 

Пушачите исто така, се изложени на двојно поголем ризик од згрутчување на крвта и полош сексуален живот, бидејќи пушењето го намалува протокот на крв во пенисот, па оттука мажите кои пушат имаат двојно поголема еректилна дисфункција.
Сајтот тврди дека густината на спермата кај пушачите исто така е двојно помала во споредба со онаа кај непушачите. Токсините од цигарите ја зголемуваат густината и подвижноста на сперматозоидите и може да и наштети на структурата на самата клетка.
 
Доколку горенаведениве ризици не се доволни за да ве исплашат од цигарите за да ги откажете или пак, воопшто да не посегнувате по нив доколку се уште не сте почнале, треба да знаете и дека пушачите се поизложени на чиреви на желудникот. Тие се многу болни, а се предизвикани поради тоа што никотинот во цигарите ја намалува способноста на желудникот да се бори со Хеликобактер пилори, бактерија која е причинител на ова заболување.
  
Проектот „Тутунско тело“ е создаден во соработка со финското Здружение против рак, за да се види штетата што ја предизви

Пронајдете не на следниве мрежи: