Новинар на „Ројтерс“ исчезна по ракетниот напад врз хотел во Украина

Член на новинарскиот тим на „Ројтерс“ којшто ја следел војната во Украина исчезна, а уште двајца членови на тимот се хоспитализирани по нападот врз хотел во Краматорск на истокот од Украина.

Во соопштение „Ројтерс“ извести дека, хотелот „Sapphire“ каде што била сместена нивната шестчлената екипа на синоќа бил погоден со проектил.

„Еден наш колега се води како исчезнат, додека уште двајца се наоѓаат во болница на лекување“, велат од Ројтерс.

„Другите тројца се пронајдени. Во итна потрага сме по информации, соработуваме со властите во Крамторск и им пружаме поддршка на нашите колеги и нивните сeмесјтва, ќе ве известиме штом добиеме нови информации“, додаваат од Ројтерс.

Вадим Филашкин, гувернерот на регионот Доњецк, денес наутро на Телеграм објави дека „руските сили го погодиле Краматорск“, а притоа двајца новинари биле повредени, додека еден се води како исчезнат.

„Власите, полицијата и спасувачите се на местото на настанот.Во тек се акциите за расчистување на рушевините и спасување“, изјави Филашкин.

Руското министерство за одбрана не одговори на барањата за коментар.

Канцеларијата на главниот обвинител на Украина кажа во изјава на Телеграм, дека започнал „предистрага“ за овој напад којшто се случил во 22 часот и 35 минути по локално време.

„Руските сили го погодија градот Краматорск, најверојатно со проектилот Искандер – М“, додаваат украинските воени сили.

Пронајдете не на следниве мрежи: