INFOMAX.MK

Српските институции на северот на Косово и натаму блокирани…По големата акција на косовската полиција, затворени неколку објекти поради сомневање дека се користеле за издавање на фалсификувани документи..Под клуч се најдоа преостанатите српски институции, пред се општинските служби, но и Канцеларијата за Косово, Пензискиот Фонд и Јавното Комунално претпријатие..Затворена е и зградата на Привремената општинска управа во Косовска Митровица..

Елберт Красниќи – министер за локална самоуправа на Косово

„Затворени се паралелните нелегални институции на локалната самоуправа, кои работеа по директиви на Србија, кршејќи ја уставноста и законите на Република Косово. Граѓаните, без никаква разлика, имаат точна адреса каде можат да ги добијат општинските услуги, а на паралелните структури им е јасно дека не можат да работат надвор од законската рамка на Република Косово. Во ниту еден простор на нашата Република нема место за незаконско работење и паралелни служби.“

Од српското министерство за надворешни работи бараат од меѓународната заедница веднаш да реагираат и да ги заштити србите кои живеат на Косово…Со ист став е и Александар Вучиќ кој бара конкретни чекори а не само осуда…

…изјава Александар Вучиќ – претседател на Србија

„Морам да признаам дека не разбирам баш која е целта, освен можеби желбата да се испровоцира Србија? Воопшто не разбирам која е смислата и кој е крајниот резултат, што го гледа албанското, односно приштинското раководство. „полека но сигурно целиот свет почнува да сфаќа кој навистина создава проблеми во регионот.“

Директорот на српската Канцеларија за Косово, Петар Петковиќ, пак директно го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека спроведува етничко чистење…

…изјава Петар Петковиќ – директор на канцеларијата за Косово

„На сите им е јасно дека со затворањето на српските институции, Албин Курти и режимот во Приштина сакаат еднаш засекогаш да му стават крај на српскиот народ и српските институции на Косово. Станува збор за институции кои се од витално значење за опстанокот на нашиот народ . Овој насилен потег на Албин Курти, кој има за цел да ги протера Србите од територијата на Косово. Наместо деескалација, имаме 30 нови ескалирачки потези на властите во Приштина.“

Реагираа од Брисел и Вашингтон…Едностраните одлуки на Приштина ризикуваат натамошна ескалација, велат од Европската унија..Од делегацијата на ЕУ во Приштина велат дека постојано ја повикува Приштина да избегнува какви било дејствија што може негативно да влијаат на безбедноста на луѓето на теренот, но дека и тие апели постојано се игнорираат…

Канцеларија на Европска Унија во Косово

„ЕУ сака да повтори дека сегашната полициска операција против канцелариите поддржани од Србија може да доведе до понатамошна ескалација на и онака нестабилната ситуација. “

Од амбасадата на САД пак велат дека Косово продолжува влошувањето на односите меѓу Приштина и Вашингтон… Велат дека се разочарани од некоординираните активности преземени од страна на владата на косово кои продолжуваат да имаат директен и негативен ефект врз припадниците на етничката српска заедница и другите заедници во косово…

Амбасада на САД во Косово

„Оваа акција не беше координирана со ниту еден елемент на меѓународната заедница. САД и нашите меѓународни партнери постојано бараат од Владата на Косово да даде приоритет на координацијата со меѓународната заедница и да не презема еднострани дејствија по прашањата од агендата на дијалогот олеснет од ЕУ. Неуспехот на Владата на Косово да одговори на овие барања одразува реално и растечко влошување на нашето партнерство. “

А припадниците на мисијата КФОР утрово формираа кордон среде Ибарскиот мост во Митровица, со опрема за разбивање на демонстрации… Од синоќа на мостот се засилени силите на италијанските карабинери, а по полициската акција распоредени се и блиндирани возила. На јужната страна на мостот има и неколку возила и припадници на КФОР…Претходно синоќа оклопни возила беa паркирани и на северната страна на мостот…

Пронајдете не на следниве мрежи: