ПАДНА УШТЕ ЕДНА УКРАИНСКА ПОЧВА: Русија ја презеде контролата врз селото Кирово во Доњецк

Руските сили ја презедоа контролата врз селото Кирово во Доњецк, источна Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека единиците на воената група „Центар“ ја презеле контролата врз селото и продолжуваат да напредуваат во длабочината на одбраната на украинските војници, пренесе ТАС.

Руските сили, според Ројтерс, остваруваат сè поголеми придобивки во регионот на Доњецк додека украинските војници се обидуваат да напредуваат во руската област Курск по прекуграничната офанзива што започна на 6 август.

Foto: Ministarstvo Odbrane Rusije

Пронајдете не на следниве мрежи: