(Фото) ГОРАТ АВТОМОБИЛИ И ГУМИ: Пожар изби на автоплац во струшко Велешта

Возила и гуми горат во автоплац во струшкото село Велешта, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Сообраќајот на регионалниот пат Струга – Дебар, според него, се регулира со најизменично пропуштање возила.

– Околу 14 часот во Полициската станица Струга пријавен е пожар во приватен автоплац лоциран на регионалниот пат Струга – Дебар кај струшкото село Велешта каде биле опожарени гуми и возила оставени на автоплацот – изјави Димоски.

На терен интервенираат екипи на територијалните противпожарни единици од Струга и Охрид.

фото: инстаграм/принтскрин

Пронајдете не на следниве мрежи: